Постапка за добивање возачка дозвола

Потребни документи за авто школа Право за управување со МВ Постапка за добивање возачка дозвола Уплата
ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД
Со лекарскиот преглед добивате уверение за вашата душевна и телесна способност за управување на моторно возило кое го издава секој Медицински центар. Најдобро околу лекарскиот преглед е да се консултирате со вашиот иден инструктор кој ќе ви објасни како се одвива целата постапка на издавање на уверението.
ПОЧЕТОК НА ОБУКАТА
Програмата за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила ги опфака прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата кои што се однесуваат на: правила на сообраќајот на патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците што ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот, опасностите и последиците кои настануваат поради неправилно и непрописно превземање дејства во сообраќајот, функционирањето на уредите на моторните возила што се од значење за безбедноста во сообраќајот, како и содржини кои придонесуваат за развивање хумани односи и солидарност кон другите учесници во сообраќајот, постапка во случај на сообраќајна незгода и начини на кои се укажува прва помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ
Испитот се состои од практичен и теоретски дел. Теоретскиот дел ги опфаќа прописите за безбедноста во сообраќајот во кои спаѓаат правилата за сообраќајот и патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците кои ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот. Практичниот дел опфаќа изведување дејствиа со моторно возило што се од значење за успешно и безбедно управување на возилото во согласност со правилата на сообраќајот, условите на патот и за совладување на техниката за управување со возилото.
ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
После успешно положениот испит следува издавање на возачката дозвола, која ја издава МВР.

Право за управување со моторно возило

Потребни документи за авто школа Право за управување со МВ Постапка за добивање возачка дозвола Уплата
ПРАВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МОТОРНО ВОЗИЛО


1) Да има наполнето 17 години и шест месеци,
2) Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило,
3) Да има завршено најмалку основно образование,
4) Да поседува валидна лична карта или пасош.

ПРАВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МОТОРНО ВОЗИЛО ПОСТАР МАЛОЛЕТНИК
1. Оспособување за управување со моторно возило
Член 368 а
(1) Постар  малолетник  може  да  се  стекне  со  право  на оспособување  за управување  со  моторно  возило  од  “Б“ категорија  доколку  ги  исполнува следниве услови: 
1) да наполнил 16 години возраст; 
2) да поседува лична карта; 
3) да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило; 
4) да има завршено најмалку основно образование; 

5) да  има  согласност  од  двајцата  родители,  законскиот  застапник  или старателот, заверена на нотар; 
6) да има одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година  и

7) да има писмена согласност од психологот и педагогот од училиштето во кое учи малолетникот,  а доколку  во  училиштето нема  еден од нив и од класниот раководител на ученикот, заверена на нотар. 
(2) Оспособувањето за управување со моторно возило на постар малолетник се врши согласно со одредбите од овој закон, со зголемен број наставни часови од практичниот дел на наставната програма за 30% во однос на бројот на наставни
часови од практичниот дел на наставната програма предвидени за останатите кандидати за возачи. 

Потребни документи за авто школа

Потребни документи за авто школа Право за управување со МВ Постапка за добивање возачка дозвола Уплата

Потребни документи за упис:

- лекарско уверение
- валидна лична карта

Потребни документи за почеток на практичната обука:

- ислушани предавања со основните познавања на сообраќајните правила и прописи
- положен предтест

Потребни документи за полагање возачки испит:
- лекарско уверение
- лична карта
- потврда за положени предтестови
- потврда за положена прва помош
- потврда за извозена авто школа
- заверено свидетелство од средно образование

Пријавување на возачки испит:
- сите погоре наведени документи се доставуваат во испитниот центар каде се уплаќа за полагање

Важно: потврдата за уплатено полагање и валидна лична карта се задолжителни документи потребни за време на одржувањето на сите полагања.

1. полагање - тестови
2. полагање - полигон
3. полагање - гратска

По полагањето на возачки испит сите докуметни се испраќаат во "МВР" центарот во местото каде живее кандидатот.

Документи

Потребни документи за авто школа Право за управување со МВ Постапка за добивање возачка дозвола Уплата
  За да се добие возачка дозвола потребно е да се исполнуваат одредени критериуми наложени со закон. Исто така за да се изоди тој пат потребно е да се поседуваат одреден број на документи кои може да ги добиете на едноставен начин. Сите информации за истите може да ги добиете со едноставно кликнување копчињата.

   Доколку од било која причина некои од наведените документи не знаете од која подрачна единица и од каде да ги добиете обратете се на телефонскиот број за информации или пишувајте на некои од контактите на facebook или e-mail:borislavevtimov@yahoo.com.

Знаци


Знаци за опасност Знаци за изречни наредби
Знаци за известување Светлосни знаци


      Познавањето на сообраќајните знаци е од голема важност за безбедно управување со моторно возило. Непознавањето на истите може да предизвика конфликт. Ова се четирите категории на знаци кои најчесто се среќаваат на патиштата во земјава и странство.

Контакт

Description
Description

М категорија

Во националната категорија "М" спаѓаат мотокултиватори и приклучни возила што ги влечат мотокултиватори, велосипеди со мотор, лесни трицикли и лесни четирицикли.

Ф категорија

Во националната категорија "Ф" спаѓаат трактори и тракторски приколки. Со дозволата за управување на возилата од оваа национална категорија можат да се управуваат и возилата кои спаѓаат во националните категории "Г" и "М".

Г категорија

Во националната категорија "Г" спаѓаат работни машини. Со дозволата за управување на возилата од оваа национална категорија можат да се управуваат и мотокултиватори.



Д+E категорија


Во категоријата "Д+Е" спаѓаат групи возила чие влечно возило спаѓа во категоријата "Д" и приклучно возило со вкупна маса поголема од 750 килограми.