Постапка за добивање возачка дозвола

Потребни документи за авто школа Право за управување со МВ Постапка за добивање возачка дозвола Уплата
ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД
Со лекарскиот преглед добивате уверение за вашата душевна и телесна способност за управување на моторно возило кое го издава секој Медицински центар. Најдобро околу лекарскиот преглед е да се консултирате со вашиот иден инструктор кој ќе ви објасни како се одвива целата постапка на издавање на уверението.
ПОЧЕТОК НА ОБУКАТА
Програмата за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила ги опфака прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата кои што се однесуваат на: правила на сообраќајот на патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците што ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот, опасностите и последиците кои настануваат поради неправилно и непрописно превземање дејства во сообраќајот, функционирањето на уредите на моторните возила што се од значење за безбедноста во сообраќајот, како и содржини кои придонесуваат за развивање хумани односи и солидарност кон другите учесници во сообраќајот, постапка во случај на сообраќајна незгода и начини на кои се укажува прва помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ
Испитот се состои од практичен и теоретски дел. Теоретскиот дел ги опфаќа прописите за безбедноста во сообраќајот во кои спаѓаат правилата за сообраќајот и патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците кои ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот. Практичниот дел опфаќа изведување дејствиа со моторно возило што се од значење за успешно и безбедно управување на возилото во согласност со правилата на сообраќајот, условите на патот и за совладување на техниката за управување со возилото.
ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
После успешно положениот испит следува издавање на возачката дозвола, која ја издава МВР.