Право за управување со моторно возило

Потребни документи за авто школа Право за управување со МВ Постапка за добивање возачка дозвола Уплата
ПРАВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МОТОРНО ВОЗИЛО


1) Да има наполнето 17 години и шест месеци,
2) Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило,
3) Да има завршено најмалку основно образование,
4) Да поседува валидна лична карта или пасош.

ПРАВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МОТОРНО ВОЗИЛО ПОСТАР МАЛОЛЕТНИК
1. Оспособување за управување со моторно возило
Член 368 а
(1) Постар  малолетник  може  да  се  стекне  со  право  на оспособување  за управување  со  моторно  возило  од  “Б“ категорија  доколку  ги  исполнува следниве услови: 
1) да наполнил 16 години возраст; 
2) да поседува лична карта; 
3) да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило; 
4) да има завршено најмалку основно образование; 

5) да  има  согласност  од  двајцата  родители,  законскиот  застапник  или старателот, заверена на нотар; 
6) да има одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година  и

7) да има писмена согласност од психологот и педагогот од училиштето во кое учи малолетникот,  а доколку  во  училиштето нема  еден од нив и од класниот раководител на ученикот, заверена на нотар. 
(2) Оспособувањето за управување со моторно возило на постар малолетник се врши согласно со одредбите од овој закон, со зголемен број наставни часови од практичниот дел на наставната програма за 30% во однос на бројот на наставни
часови од практичниот дел на наставната програма предвидени за останатите кандидати за возачи.